Печени (грил) котлети од ајкула

Состојки:

  • 1/2 чашка соја сос
  • 1/2 чашка сок од портокал
  • 1/4 чашка качап
  • 1/4 чашка свеж магдонос, исецкан
  • 2 лажица сок од лимон
  • 1/3 лажица мелен бибер
  • 2 главици лук, толчен
  • 6 котлети од ајкула

 

Подготовка:

  1. Помешајте го соја сосот, сокот од портокал, качапот, исецканиот магдонос, сокот од лимон, биберот, и истолчениот лук кесичка која се затвора. Протресете за да се измеша добро. Додајте ја рибата, затворете и иставете ја во фрижидер да се маринира околу 2 саати.
  2. Извадете ја рибата, и зачувајте ја маринадата. Иушете ја се кујнска хартија и нанесете убав слој од маслиново масло за да не се залепи на тавата.
  3. Загрејте ја скарата. Ставете ја рибата на скара околу 6 минути од секоја страна или додека месото не се одвојува лесно кога ке ја боцнете со вилушка. Премачкувајте ја рибата често со маринадата.
  4. Оставете ја рибата да одстои малку пред сервирање.


Извор: Mama's Kitchen (www.food.com)

            

 

130 мин.
За 6 лица.

ПРЕДЛОГ РЕЦЕПТ

Печена скуша со тиквички и салата од грав

ЗАНИМЛИВОСТ

ПАСТРМКА

Oncorhynchus mykiss