Состојки:
- 32 папалини (8 по порција)
- 3 супени лажици обично брашно
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лимон
- 1 лажичка магдонос
- 4 Лажички сенф од рен
- Масло за пржење
- 4 парчиња црн леб и путер
- Неколку листови од млада зелена салата
- Морска сол / бибер
Пред да започнете:
Зачинете го брашното со морска сол и свежо сомелен црн пипер. Додајте го поголемиот дел од црвениот пипер и добро измешајте.
Исечете го лимонот на резанки.
Измијте ги и исушете листовите од зелена салата.
Исечете го магдоносот.
Измијте ги папалините. Користејжи остар нож внимателно извадете ги главите. Повторно измијте ги и оставете ги да се исушат на сува крпа.
Подготовка
Загрејте го маслото во длабоко тавче на околу 200°C. Провалкајте ги папалините во зачинетото брашно и протресете ги за да отпадне вишкот од брашното.
Внимателно положете ги во загреаното масло. Пржете околу 6 истовремено, за да не се намали температурата на маслото.
Пржете ги околу 4 минути додека не станат крцкави и светло кафени по боја.
Извадете ги папалините од маслото и положете ги на кујнска хартија за да се исцедат. Држете ги топли додека ги пржите другите папалини.
Аранжирајте ги листовите од салата на чинијата.
Уредно аранжирајте ги папалините. Додајте ги резанките од лимон и полна лажичка сенф од рен. Додајте парче леб и путер. Наросете ги со сецканиот магдонос и остатокот од црвениот пипер. Сервирајте топло.
Извор: www.cookeryskills.com