Состојки
• 4 средно големи цели лигњи
• cleaned and prepared, wings left on
• 1 лажичка семки од анасон
• Морска сол
• Свежо мелен црн пипер
• 2 лимони , кора и сок
• Екстра вирџин маслиново масло
• 2-3 црвени чили пиперчиња , исчистени од семки и исецкани
• 1 китка свежо нане, ситно исецкано
• 1 лимон , исечен на ленти за сервирање
Начин на приготвување
- Ова е прекрасно јадење. Обично луѓето ја сечат лигњата на ленти – пробајте го овој начин кој изгледа одлично и лесно се готви.
- Свртете ја лигњата така што да лежи на даската за сечење.
- Вметнете голем нож внатре легнат како лигњата. Со остар нож, исечете ја лигњата како што би ја сечеле на ленти. Ножот што лежи внатре во лигњата нема да дозволи да се исече цела. Ќе добиете лигња исечкана како хармоника која сеуште се држи заедно, Повторете го истото со другите лигњи.
- Во толчник истолчете ги семињата од анасон во прав со прстофат сол и црн пипер. Посолете го правот на лигњата и осигурете се дека навлегол во засеците на лигњата. Ставете ја лигњата на најжешкиот дел на скарата и печете. Вртете ја на секој 30 секунди или секогаш кога ке потемни, додека лигњата се зацвсти и стане бела одвнатре. Оваа постапка не треба да трае повеќе од неколку минути.
- Ставете го сокот од лимонот во чинија со 3 пати повеќе маслиново масло и измешајте ги. Додајте кора од лимон, чили, нане и прстофат сол и црн пипер. Наросете ја содржината на лигњата, и сервирајте ја со ленти од лимон на страната.